fbpx

Душо моја, ми се врати: Прегратка со киднапираниот син по 24 години

Упорен татко поминал 500.000 километри и чекал речиси две и пол децении за повторно да го здогледа своето чедо

Кинезот Гуо Гантанг пред 24 години се соочил со вистинска животна драма кога криминалци инволвирани во мрежа со трговија со луѓе му го киднапирале синот.

Детето кое тогаш имало само две години, го грабнале од дворот на семејниот дом во провинцијата Шандонг.

Извесната Танг, жената осомничена за нападот која е идентификувана само по нејзиното презиме, бебето го однела до автобуската станица каде ја чекал партнерот Ху, пренесува Би-Би-Си. Двојката потоа заминала во провинцијата Хенан каде го продала детето.

Полицијата успеала преку ДНК-тест да го открие идентитетот на синот, а осомничените за киднапирањето се веднаш лишени од слобода. Секако, за ова да се случи требало да поминат дури 24 години.

Средбата на таткото, мајката и синот по толку време била крајно чувствителна.

„Душо моја, ми се врати“, биле зборовите на мајката која не можела да се смири.

„Сега кога нашиот син е пронајден, може да биде само среќен“, порача таткото на момчето кое сега има 26 години.

По исчезнувањето на синот, тој поминал преку 20 провинции ширум земјата, снаоѓајќи се за превоз како знае и умее. Додека траела потрагата се соочил со разни сообраќајни несреќи, грабежи, а оштетил дури десет мотори. Носејќи транспаренти со ликот на својот син, целата животна заштеда ја потрошил на оваа неверојатно инспиративна мисија. Спиел под мостови и молел за пари секаде каде што ќе му се укажало прилика.

Овој случај во 2015 година беше инспирација и за филм во кој главната улога му беше доверена на Енди Лау, голема ѕвезда во Хонгконг.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Му се заканува затвор до пет години: Со еден потег Бјелогрлиќ ги зачуди сите

По сослушувањето, обвинителството ќе одлучи дали ќе побара од судот на актерот да му се одреди притвор до 30 дена или ќе му биде дозволено да се брани од слобода Докажаниот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ кој крвнички го претепа режисерот Предраг Антонијевиќ, денеска се појави на сослушување во […]