fbpx

Жирито го освои од прва: Која е младата Македонка која блесна во „Ѕвездите на Гранд“?

Ова не е нејзино прво успешно претставување во регионални рамки

Драгана Костова е 16-годишната Македонка која ги воодушеви сите со нејзиниот прв настап во „Ѕвездите на Гранд“.

Оваа талентирана струмичанка се претстави со песните „Круна“ од Невена Божовиќ и „Нисмо смели“ од Јована Николиќ и Марија Шерифовиќ.

Жирирто беше едногласно и од сите членови доби „ДА“.

„Тебе оваа сцена ти доаѓа како дневна соба“, ѝ порача Саша Поповиќ и откри дека Драгана пред неколку години го освои второто место во шоуто „Некои нови клинци“.

Кога дојде ред да го одбере својот ментор, Костова како од пушка одговори: Марија Шерифовиќ!

Освен што убаво пее, Драгана е и одличен инструменталист. Свири пијано и има освоено неколку признанија.

„На што би личел светот без музика? Би личел на училиште без ученици, на градина без цвеќиња, на небо без сонце.. Светот без песна би бил студен, темен замок настанет со духови.. Колку тажен тогаш светот би бил. Без песната, без музиката, без насмевката, без радоста, тажно ќе е се’“, порача таа во една прилика.

Фото: З.К.Муња/Е.Срдиќ/Гранд онлајн

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нека ти е светол патот: Ѓоко Ѓорчев скршен од болка

Ѓоко Ѓорчев сподели тажна вест. Популарниот интерпретатор загуби блиска личност со која се прости и на социјалните мрежи. „Драга Гордане, нека ти е светол патот до вечноста. Многу години спомени во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, секогаш ведра и позитивна, на сите ќе ни фалиш“, напиша пејачот на „Фејсбук“. Прераната […]