fbpx

Родителите криеле: Шок по смртта на 16-годишното момче од Крушевац

Почина 16-годишен ученик од Хемиско-технолошкото училиште во Крушевац.

Според последните информации на Заводот за јавно здравје, момчето било позитивно на Ковид-19. Се изолирало на 12 октомври, откако претходно неговиот татко пројавил симптоми на вирусот.

„Нам никој не ни пријави дека ученикот е заразен. Неговите родители никогаш не ни пријавија дека од нешто боледува, а должни се да не’ информираат за тоа“, им изјави на српските новинари Верица Агатоновиќ Малиновиќ, директорка на школото.

Починатиот тинејџер годинава значително го подобрил успехот во училиштето и неодамна дури бил пофален за тоа.

Попрецизни информации за причината за неговата смрт се очекуваат во текот на денот.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во Крушевац, од почетокот на учебната година, во областа Расина, каде настава посетуваат 24.000 ученици, вирусот е регистриран кај 696 ученици и 122 наставници.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Отиде да си игра со ангелите: Ова е Александар, момчето кое почина од корона

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на 16-годишниот Александар од Крушевац. Средношколецот од Хемиско-технолошкото училиште денеска почина од последици на Ковид-19 додека бил во самоизолација. Според последните информации на Заводот за јавно здравје, момчето се изолирало на 12 октомври, откако претходно неговиот татко пројавил симптоми на вирусот. Чичкото на […]