Ние како семејство сме Македонија во мало. Постарата сестра на мојата сопруга која е нотар е омажена за Албанец и имаат две дечиња. Помалата сестра која е стоматолог е омажена за Турчин, кој е актуелен пратеник во собранието на Р.М. и имаат едно детенце, открива Јовановски
Околината, особено оние попатријахално воспитани, не’ осудуваа и ни предвидуваа несреќен крај, открива д-р Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Женски магазин“ во кое отворено зборува за сите предизвици со кои се соочувале со сопругата Албанка.
„Бев упорен, убедлив и истраен. Секако и мојата сопруга беше решена да успееме. Така еден убав велигденски ден пред седум години одлучи да побегне од дома и да започнеме заеднички живот. Со раѓањето на првото детенце, ги нормализиравме односите со семејството од сопругата, кои се врвни интелектуалци и успешни во своите полиња на дејствување“, раскажува 45-годишниот доктор по општа медицина.
Неговата сопруга Линдита Лимани Јовановска (35) е магистер, професор по англиски јазик.
Двојката има три деца, шестгодишната Јана, четиригодишниот Живко и две и пол месечната Дафина.
За неговата љубовна приказна, за предизвиците да се победат предрасудите во мала средина, но и за тинејџерските соништа да има свој рок-бенд, раскажува во својата исповед за „Женски магазин“.