Тешко дека ќе претпоставите за што се работи
Познатата ТВ-водителка Лила Филиповска е една од ретките јавни личности кај нас на која ѝ успеа со децении во континуитет да ја одржи популарноста.
Низ годините се соочувала со разни професионални предизвици, но еден непристоен предлог кој го добила се чини дека ќе го памети за цел живот.
Лила која може да се пофали и со кратка музичка кариера, пред неколку години во интервју за попладневниот магазин „Урбан Таг“ на ТВ21 откри дека во една прилика добила покана да пее на сунет за добри пари.
На шега призна дека дури и се двоумела дали да се појави на тој настан, но едноставно не можела да се одлучи кој фустан најмногу ќе ѝ прилега.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.