fbpx

Тоше ја обожаваше: Нов момент од животот на прерано починатата пејачка

Долго чувана тајна

Поминаа десет години од смртта на пејачката Вера Нешиќ (51) која по долга и тешка битка со болеста го напушти овој свет. Нејзиниот сопруг Мики Нешиќ конечно собра сили и откри непознати детали и анегдоти поврзани со приватниот живот, но и со кариерата на прерано починатата пејачка.

– Покоен Тоше Проески беше фасциниран од нејзиното интерпретирање на македонски песни. Во една прилика заедно гостуваа во емисија во живо со оркестарот на Љубиша Павковиќ. Вера сакаше да ја отпее „Зајди, зајди“, дури беше и на проба со оркестарот. После триесетина минути на пробата се појави и Тоше со желба да ја отпее истата песна не знаејќи дека Вера веќе ја одбрала. Кога ја слушна, веднаш посака да отпее друг рефрен, но Вера која беше голем човек и колега, сепак нему му ја препушти таа задача – раскажа Мики.

Вера Нешиќ публиката најмногу ја памети по нумерата „А где смо ја и ти“ која ја сними во 80-те години на минатиот век. Малкумина знаат дека токму таа ги пее придружните вокали на првиот албум на Цеца Ражњатовиќ.

Пред неколку години на музичката сцена дебитираше и нејзината ќерка Емилија која се натпреваруваше во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажната вистина за Џеј: Саша Матиќ одлучи да ја открие!

Популарниот пејач Саша Матиќ одлучи да открие тажни детали од животот на својот покоен пријател и колега Џеј Рамадановски. Како што е веќе познато, Џеј секогаш со задоволство им помагаше на сиромашните, а како што вели Матиќ, сите му свртеле грб кога повеќе немал доволно пари. – Кога престана да […]