fbpx

Потресно: Се огласи момчето на починатата Кристина

Никој не очекуваше ваква трагедија

Се’ уште не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот.

Пријателите, но и верните следбеници на познатата јутјуберка која со години страдала од врсничко насилство не можат да се помират дека повеќе ја нема.

Сега се огласи и нејзиното момче Марко Томовиќ.

„Засекогаш бебе мое, ќе се видиме пак“, напиша тој под видеото кое го објави на „Инстаграм“.

Тажно: Кристина рано остана без татко, оваа голема желба не ѝ се исполни

Во меѓувреме се огласи и мајката на Кика.

„Со огромна болка ве информирам дека вчера почина мојата Кика. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша Наташа Ѓукиќ.

Кристина беше успешна инфлуенсерка, а само на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе.

Последните години отворено се бореше со осудувања и критики. Пошироката јавност ја препознава и по жестокиот конфликт со популарниот јутјубер Бака Прасе.

Родена е во Белград на 25 јули 2000 година.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тажно: Кристина рано остана без татко, оваа голема желба не ѝ се исполни

Сајбер-силеџиството кое со години го трпела на социјалните мрежи е причината поради која 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот. Веста за нејзината смрт ја потресе јавноста во целиот регион. Нејзиниот долгогодишен пријател Душан Шрбљак денеска во утринската програма на телевизија Прва нагласи дека што точно […]