fbpx

Кристина се самоуби на 21 година: Причината ќе ви го скрши срцето

Кој е виновен за трагедијата?

Српската инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби на 21 година.

Тажната вест ја потврди и нејзината мајка на „Инстаграм“.

„Со огромна болка ве информирам дека вчера почина мојата Кика. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша Наташа Ѓукиќ.

Во меѓувреме се огласи и Мира Владисављевиќ, блиска соработничка на Кристина, која апелираше до медиумите внимателно да известуваат за овој случај.

„Трагедија. Ужас. Оваа девојка цели пет години се бореше со врсничко насилство. Бидете внимателни што објавувате, ве молам имајте разбирање“, низ солзи порача таа.

Потресно: Се огласи момчето на починатата Кристина

Тажно: Кристина рано остана без татко, оваа голема желба не ѝ се исполни

Кристина беше успешна инфлуенсерка, а само на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе. Последните години отворено се бореше со осудувања и критики. Пошироката јавност ја препознава и по жестокиот конфликт со популарниот јутјубер Бака Прасе.

Родена е во Белград на 25 јули 2000 година.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нека ти е светол патот, татичко: Весна Бејби со трогателна посвета

Тажен ден во домот на популарната актерка Весна Петрушевска сподели тажна вест на социјалните мрежи. Утрово починал нејзиниот татко Кирил, а таа со емотивна објава се прости од него. „Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те […]