fbpx

Д-р Кунгуловски се сомнева во резултатите од тестирањата: Еве зошто!

Што се случува со PCR лабораториите во Македонија?

Ако се анализираат јавно достапните податоци од ИЈЗ и се направи анализа на PCR позитивни резултати од вкупен број на тестови во текот на најсилните бранови на пандемијата, излегува дека има силна неконзистентност и нескладност помеѓу PCR лабораториите во Македонија.

Aко ги земеме последните 9 дена кога букна омикрон сојот во Македонија ќе утврдиме дека една група на лаборатории меѓу кои и референтната ИЈЗ-Вирусологија имаат стапка на позитивни PCR тестови од ~22-35%, додека некои други лаборатории имаат стапка на позитивни PCR тестови од 0.5-3.5%.

Што можат да бидат причините за нескладност од 10-44 пати помеѓу лабораториите?

1. Едната група на лаборатории имаат далеку посензитивни тестови од другата група на лаборатории?

2. Едната група на лаборатории не зема соодветно материјал за анализа, при што се јавуваат лажно негативни резултати.

3. Eдна група на лаборатории тестира исклучиво симптоматски пациенти или пациенти коишто имале контакти со потврдени позитивни случаи, а додека пак другата група тестира пациенти коишто патуваат (тековно кај произволна популација PCR позитивитет треба да биде некаде меѓу 2-5%).

4. Се случува нешто што не би сакал ни да го помислам.

*Во анализите не се вклучени сите лаборатории што извршуваат PCR тестови. Тоа оставам на истражувачки новинари или овластени институции.

**Позитивните од Жан Митрев Струмица се пријавуваат преку Жан Митрев Клиник во МојТермин.

***Додатни анализи треба да се направат и за претходните бранови, но има слични трендови.

Фејсбук-статус на д-р Горан Кунгуловски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Сведоштво на д-р Чадиковски за прележаниот Ковид: Отворено за физичката болка и за стравовите

Лично се соочи со болеста Со потешка клиничка слика, со пневмонија и со температура цели десет дена, Ковид-19 го прележа и д-р Владимир Чадиковски.  Реномираниот детски кардиохируг за „Фактор“ сведочи дека дури и сега по цела година од инфекцијата со коронавирусот, уште ги чувствува последиците. „Беше исклучително тешка состојба, се […]