fbpx

Нека ти е светол патот до вечноста: Македонија тагува, замина уште еден голем човек

И душа и срце како океан

По кусо боледување почина Фарук Омерагиќ, долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.

Смртта го затекна како актуелен претседател на Градски пливачки сојуз на Скопје, организација преку која им помогна на многу македонски пливачки надежи.

Омерагиќ има богата биографија. Беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација,  но исто така и поранешен кошаркар. Во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Во 2019 година ја објави книгата поезија „Воздишка“.

Од него со емотивна посвета се прости и истакнатата граѓанска активистка Ана Глигорова.

„Фарук Омерагиќ, борец за правда, човечен, широкоград, морален, посветен на своето семејство со огромна љубов. Редок, прередок, едноставно на една рака да изброиме вака умни, образовани, добродушни луѓе. Борбата ја теравме заедно, со години, против овој девастиран, криминоген систем на наплата. Исклучително свесно човечко битие, храбар и одважен, на сите протести присутен, во првите редови. Против спрегата на извршители, судии, нотари, доверители. Толку прецизно и јасно ја разбираше таа спрега и беше невина жртва од истата. Но, не се предаде пред ниту една земна сила. Фарук, ќе ни недостасува твојата енергија и елоквентност. Твојата душа, вечна, незаменлива.. Нека ти е светол патот кон вечноста, а сигурна сум дека нема посветол“, напиша таа на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нова мистерија: Неочекуван пресврт во случајот за Матеј

Исчезнувањето на Матеј Периш го вознемири целиот регион. Потрагата по 27-годишното момче трае повеќе од еден месец, а неговиот телефон сега внесе нова мистерија во целиот случај. Сигнал од мобилниот последен пат е лоциран во близина на Големиот воен остров, дури два и пол часа откако Периш е последен пат […]