fbpx

Нова мистерија: Неочекуван пресврт во случајот за Матеј

Исчезнувањето на Матеј Периш го вознемири целиот регион. Потрагата по 27-годишното момче трае повеќе од еден месец, а неговиот телефон сега внесе нова мистерија во целиот случај.

Сигнал од мобилниот последен пат е лоциран во близина на Големиот воен остров, дури два и пол часа откако Периш е последен пат виден, односно по снимката на која се гледа како се спушта по скалите кои водат кон Сава.

Прашањето кое се наметнува е како е можно апаратот да испрати сигнал по два и пол часа, поготово ако Матеј влегол во водата како што првично покажуваше истрагата. За ова неодамна зборуваше и неговиот татко Ненад Периш.

„Како е можно сигналот да е лоциран кај Воениот остров околу 4:15, а тоа е два и пол часа по последната снимка со Матеј кај „Саванова“ во 1:55? Како е можно мобилниот да реагира ако се наоѓа во реката? Ако Матеј потонал, мобилниот му бил во џеб, па по 2:20 часот би бил мокар, неупотреблив, на дното на реката и не би можел да дава сигнал. Производителот објасни дека ако е мокар, уредот може да сигнализира најмногу половина час“, изјави тој.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Неочекувано: Таткото на Матеј тврди дека лажат за ОВА!

Шокантни детали: Оваа девојка е пресудна за исчезнувањето на Матеј?

Дека Матеј не влегол во реката и дека постои надеж дeka е жив, смета и Игор Јуриќ, основачот на Центарот за исчезнати и злоставувани деца.

„Мислам дека сега е клучна соработката помеѓу српската и хрватската полиција затоа што со помош на базните станици и мобилниот може да се дојде до одредени докази. Тој начин беше клучен и во пронаоѓањето на телото на Тијана. Баш поради тоа што базната станица фатила сигнал два и пол часа потоа, имаме надеж дека Матеј би можел да биде пронајден жив“, заклучува тој.

Фото: Принтскрин

 Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се падна 7-ка на Лото, среќниот добитник освои над 440.000 евра

Во вечерашното извлекување на Лото на Канал 5 телевизија се падна највредната добивка – седумката. Среќникот ќе добие 27,3 милиони денари, или над 440.000 евра. Ливчето е уплатено во Кочани, но засега не е познат идентитетот на добитникот. Следното коло, се ресетира сумата и играчите ќе се борат за 7 […]