fbpx

Се повлече поради тешката болест на сопругата: Нема да верувате како сега изгледа Чак Норис!

Сон на секоја жена е покрај себе да има маж кој е подготвен да жртвува се’ за да биде со неа. Сопругата на славниот актер е вистински среќна дама

Секој од нас сака да има посветен и приврзан партнер кој секогаш ќе биде до нас и во добри и во лоши времиња. Во тешките животни ситуации луѓето го покажуваат вистинското лице. Или како што велат: „Во доброто лесно е да бидеш добар, на мака се познаваат јунаците“.

Чак Норис е пример за сопруг полн со љубов. Тој не само што беше покрај својата болна жена, туку и се повлече од филмскиот бизнис само за да се грижи за неа. 

Американскиот актер зборуваше како преку ноќ животот му се променил откако сопругата примила рутинска инекција пред снимање на магнетна резонанца за ревматски артритис. Компликациите биле многу сериозни. 

Славниот акционен херој не се мислел ни секунда кога морал да бира помеѓу сопругата и кариерата. 

„Се откажав од филмската кариера да ѝ се посветам на Џина (57). Сега имам само еден сон и една цел – да ја спасам својата сакана. Верувам дека ништо друго не е поважно, па затоа никогаш не се покајав поради таа одлука“, вели 82-годишниот актер. 

Откако Џина се разболела, тие потрошиле скоро два милиони долари за нејзиното опоравување. 

Потсетувајќи на докторската грешка, Џина раскажа дека телото после првата инекција и горело. Полудувала од болки и не можела да сфати што се случува со неа. 

„Неколку саати после првата инекција, имав чувство дека горам. Со секој нареден час, чувството на печење се ширеше по целата кожа и беше вистински пекол. Болката ме распарчуваше. Така започна најстрашниот период во мојот живот. Пет месеци неподвижна лежев и се молев на Господ само за едно – да се заврши страдањето. Цело време размислував како до вчера бев здрава, а сега не можам без медицински надзор ни секунда. За тоа време Чак не се одалечуваше од мене ни чекор. Спиеше на каучот до мојот болнички кревет. Беше премногу тешко и болно. Ни остана само да се молиме, се молевме на Господ да ни подари уште неколку години заедно“, призна сопругата на Чак.

Таа вели дека долго време не можеле да се помират со фактот дека една толку рутинска работа може до толку да се искомплицира. 

„Кога одев на магнетна резонанца, не ни помислував дека во наредните пет месеци ќе бидам парализирана. Тоа не се случува! Не на мене! Тоа е невозможно! Сепак животот не е секогаш розов и овој пат бев јас таа што патеше“, продолжува Џина. 

Ситуација излегла од контрола кога и лекарите не знаеле што се случува со неа. Мислеле дека е некој онколошки процес, ѝ правеле разни испитувања и лабораториски анализи. Тогаш се појавила и верзија дека можеби нејзините симптоми алудираат на Паркинсонова болест. 

Лекарствата не помагале. Очајната Џина почнала самостојно да ги анализира сопствените симптоми, да се навраќа како почнало се’.. Се испоставило дека телото ѝ е оштетено со метален гадолиниум кој е дел од контрастното средство кое се вбризгува при снимање на магнетна резонанца. Набрзо и лекарите во клиниката во Рено, Невада, ја потврдиле нејзината претпоставка дека е труење. 

„Истовремено беше и смешно и неправедно. Пред болеста живеев богат живот, бев во одлична физичка форма, спортував, се хранев здраво, а тогаш се’ беше готово. Болест, борба за живот и физичка болка – тоа се последиците на инекцијата“, нагласува Џина.

Чак Норис одлучил да побара правда и да дознае што всушност се случило со неговата сопруга и кој е виновен за состојбата во која се нашла. Поднел тужба против неколку медицински компании, тврдејќи дека хемикалиите кои се користат за магнетната резонанца се причинителите за болеста на Џина.

Семејството бара повеќе од 10 милиони долари оштета, тврдејќи дека компаниите мора да ги предупредат пациентите на потенцијалните ризици и компликации. 

„Тоа што ѝ се случи на Џина не може да се смени. Последните неколку години се боревме за нејзиното здравје, а сега имаме задача да спречиме истото да се случи на некој друг. Луѓето треба да се свесни дека контрастните средства од магнетната резонанца може да бидат опасни. Не се работи на тоа да бидат исфрлени од употреба, но лекарите се должни да дадат точни информации“, изјави Норис за „Вашингтон Пост“. 

Џина нагласува дека воопшто не станува збор за освета, туку дека сакаат вистината да излезе на виделина. 

„Грозно е што лекарите кријат информации од пациентите за МР контрастните хемикалии. Ние сме одлучни да ја смениме ваквата ситуација“, вели таа.

Чак и Џинa Норис се венчаа 1998 и имаат две деца. Инаку, во тоа време Чак после распадот на неговиот прв брак, кој траел 30 години, бил во врска со помлада манекенка. Но, кога ја здогледал Џинa веднаш знаел дека е судбина. Го замолил својот агент да им договори состанок по што почнале да се гледаат.

Во меѓувреме, Чак Норис доста се промени и одамна не наликува на оној мускулест херој каков што го паметиме. Со оглед на неговата возраст, тоа е сосема разбирливо.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Непозната жена на погреб: Стоела над ковчегот, па ѝ нашле нешто што ги шокирало сите

Кога членовите на едно ожалостено семејство здогледале непозната жена на погребот кај нивната роднина, од пристојност ѝ дозволиле да застане над отворениот ковчег и да се прости со покојничката. Жената имала околу шеесет години, а им се претставила како пријателка на умрената. Сепак, подоцна сфатиле дека починатата останала без накитот […]