fbpx

Тие не се луѓе, животни се: Карина (23) силувана, мачена, па убиена од руските војници

Во Украина денеска е погребана 23-годишната Карина Јершова која руските војници ја силувале пред да ја убијат. Нејзиниот очув, Андриј Деренко, потврди дека била злоставувана и измачувана, па застрелана од непосредна близина.

„Тие не се луѓе! Животни се! Нејзината мајка сакаше за последен пат да ја види ќерка си, но не предупредија дека тоа може да биде премногу болно. Го видовме само горниот дел од нејзиното тело, можеме да замислиме како изгледа остатокот“, вели тој.

Карина настрадала за време на окупацијата на Буча. Во тој град таа изнајмила стан со пријателка. Пред војната работела во административниот оддел на еден ресторан, а имала планови за основање на сопствен бизнис.

Нејзиното семејство кое живее во Ирпин ја молело да се врати дома, но таа наводно не сметала дека ситуацијата е толку сериозна.

Фото: Фејсбук

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Овие старлети ќе му пресудат на Веља Невоља

Српската полиција наводно дошла до нови докази против Веља Невоља, откако кај две приведени девојки се пронајдени ужасни фотографии од монструозните убиства на неговата криминална банда. Станува збор за Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро, таканаречени старлети кои често ги има во медиумите. На […]