fbpx

Неочекуван пресврт: Овие старлети ќе му пресудат на Веља Невоља

Српската полиција наводно дошла до нови докази против Веља Невоља, откако кај две приведени девојки се пронајдени ужасни фотографии од монструозните убиства на неговата криминална банда. Станува збор за Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро, таканаречени старлети кои често ги има во медиумите.

На сослушувањето, кај една од нив наводно се пронајдени експлицитни фотографии од жртвите. Извор на истрагата брифира дека на сликите се исчезнатите и брутално убиени навивачи Здравко Радојевиќ и Горан Величковиќ, како и Милан Лепоја, припадник на криминалната банда „Пинк Пантер“.

Тијана Ајфон и Мими Оро наводно биле на платен список кај Вељко Беливук и одработувале за него по потреба. Осомничени се за пренесување дрога, но и за перење пари. Српските медиуми потсетуваат дека Тијана Ајфон била верена со Милован Тадиќ кој е уапсен заедно со Неваља на 4 февруари. Тој важи за еден од неговите најблиски соработници и е шеф на неговото обезбедување. И по нивното раскинување, старлетата наводно ја продолжила соработката со Беливук.

Веља Невоља и неговите соработници се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не ни беше судено тогаш: Биба Додева се отвори за третиот сопруг

Познатата пејачка и претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева, неодамна по третпат се заколна на вечна љубов. Двојката се одлучи за интимна забава во едно познато скопско бифе на кое присуствуваше и познатата македонска поетеса Ана Бунтеска која прва на социјалните мрежи ја сподели радосната вест. Избраникот на Биба Додева […]