fbpx

Личните работи на Маријана пронајдени покрај Сава: Пресврт во потрагата по ѕвездата од „Големиот брат“

Втор ден интензивно се трага по Маријана Зајферт, победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“ од 2011 година.

Пронајдени се нејзиниот мобилен телефон и паричникот со документи покрај мостот Младост во близина на населбата каде поранешната ѕвезда живее со сопругот. Полицијата детално го пребарува просторот, а повремено користи и дрон, информираат хрватските медиуми.

Во моментот на исчезнувањето, Маријана била облечена во кратка жолта маица, црна спортска јакна, црни хеланки со бело-црвени шари и светли патики.

„Не се знае ништо. Се чувствувам лошо. Моментално сум дома, морам да се погрижам за децата“, вели нејзиниот сопруг Карло. Тој и Маријана добија дете во 2020 година, а таа има и 14-годишна ќерка од првиот брак.

Маријана пред една деценија беше најозборуваната личност на овие простори откако во популарното шоу „Големиот брат“ јавно пред камерите го изневери тогашниот сопруг со српскиот пејач Никола Немешевиќ Немеш со кого подоцна кратко беше и во брак.

И тој даде изјава за медиумите и е шокиран од веста дека Маријана исчезнала.

„Не знам што да ви кажам, се надевам дека добро ќе се заврши се’. Веќе долго време не сме во контакт, така да не знам ништо за неа“, вели тој.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тони ја загуби најважната битка: Македонија тагува, нека почива во мир!

Сочуство до Розе и синовите. Нека му е вечна слава! Почивај во мир Тони! На 54-годишна возраст вчера ненадејно почина Тони Петрески, поранешен кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ. „Нашиот драг пријател, другар и соборец отпатува во вечноста. Тони беше посветен сопруг и татко, праведен и посветен социјалдемократ, […]