fbpx

Секогаш победници: Еве зошто бебињата родени во мај се посебни!

Силна волја и длабока емотивност, мајските деца имаат шесто сетило коешто им помага сигурно да чекорат во животот

Личностите родени во мај се помеѓу најсреќните и најздравите луѓе во светот. Науката вели дека луѓето родени во петтиот месец од годината имаат најнизок ризик од респираторни, кардиоваскуларни и невролошки болести. Еве што уште е заедничко за мајските деца:

Силни се

Благодарение на комбинацијата на умерените пролетни температури и сонцето, флората и фауната се будат насекаде. Бебињата родени во овој месец типично се покрупни и посилни од бебињата родени во зима и помалку се склони на хронични болести. Сепак, ова не се однесува само на физички карактеристики. Личностите родени во мај се одликуваат и со силен дух и остар ум.

Растат во среќни луѓе

Едно истражување во кое учествуваа скоро 30.000 волонтери од кои се очекуваше да оценат колку се сметаат за среќни, покажа дека луѓето родени во мај се сметаат за посреќни од луѓето родени во било кој друг месец од годината. Најголемите песимисти се оние родени во ноември.

Успешни се

Силна волја и длабоки емоции, луѓето родени во мај како да имаат шесто сетило кое им помага да чекорат храбро во животот. Знаат да бидат тврдоглави, но нивната критичка и систематична страна на личноста има помага да го остварат тоа што го замислиле и затоа се многу успешни во животот. Кога на сето ова ќе ја додадете и вродената љубопитност која ги краси мајските деца, како и авантуристичкиот дух, јасно ви е дека овие луѓе се родени победници.

Сите се прекрасни родители

Кога ќе станат родители тие се посветени, добро организирани и креативни. Децата на луѓето родени во мај ќе имаат прекрасно детство.

Следни Објави

Пронајдено телото на славната пејачка: Велат дека е самоубиство, се огласи нејзината позната ќерка

Славната американската кантри-пејачка Наоми Џад почина на 77-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и нејзината ќерка, холивудската актерка Ешли Џад. „Денеска доживеавме трагедија. Ја изгубивме нашата преубава мајка која со години се бореше против депресијата. Скршени сме. Знаеме колку многу ја сакаа фановите. Се наоѓаме на непознат терен“, стои во […]