fbpx

Пронајдено телото на славната пејачка: Велат дека е самоубиство, се огласи нејзината позната ќерка

Славната американската кантри-пејачка Наоми Џад почина на 77-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и нејзината ќерка, холивудската актерка Ешли Џад.

„Денеска доживеавме трагедија. Ја изгубивме нашата преубава мајка која со години се бореше против депресијата. Скршени сме. Знаеме колку многу ја сакаа фановите. Се наоѓаме на непознат терен“, стои во нејзината официјална изјава.

Наоми која е добитничка на „Греми“ и беше дел од дуото „Д Џадс“, неодамна зборуваше за „длабока црна дупка“ во нејзиното срце, па фановите веќе шпекулираат дека во прашање е самоубиство.

„Обожавателите ме гледаа секогаш стокмена со скапоцени камења и тоа сум јас. Но, потоа се враќав дома и три недели не станував од кревет. Не менував пижами, не одржував нормална хигиена. Па ќе се загледав во некој интересен мост од кој би скокнала. Ете, до толку ми беше лошо, па и местото за самоубиство го одбирав да ми биде поблиску до куќата“, раскажа таа во едно од нејзините последни интервјуа.

Поради длабоката депресија во која западна, на Наоми наводно ѝ била препишана и терапија со електрошокови.

Она што дополнително боли е информацијата дека пејачката во неделата требала да добие свое место во Куќата на славните за повеќедеценискиот придонес во музичката индустрија.

Освен по неприкосновениот талент, таа беше позната и по пластичните операции. Во една прилика и самата призна дека претерала со естетските корекции.

Фото: Јутјуб Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се откажа од сè поради него: Која е сопругата на Бил Гејтс?

Имав среќа што можев да забременам тогаш кога посакував, вели таа Постојано беше во сенка на славниот сопруг, иако редовно е на листата со најмоќни жени во светот. Своите минути во медиумите конечно ги доби откако на изненадување на многумина, одлучи да стави крај на бракот со милијардерот и основач […]