fbpx

Се откажа од сè поради него: Која е сопругата на Бил Гејтс?

Имав среќа што можев да забременам тогаш кога посакував, вели таа

Постојано беше во сенка на славниот сопруг, иако редовно е на листата со најмоќни жени во светот. Своите минути во медиумите конечно ги доби откако на изненадување на многумина, одлучи да стави крај на бракот со милијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Мелинда Гејтс дипломирала информатика и економија, долго време работела во „Мајкрософт“ како успешна менаџерка, ама одлучила да ја жртвува кариерата поради семејството. Сериозно ѝ се посвети и на хуманитарната работа. Нејзината фондација со години им помага на сиромашните мајки во Африка.

Со Бил Гејтс се забавувала седум години пред да го каже судбоносното „ДА“. Кога останала бремена се’ уште доминирала онаа перцепција дека мажот треба да работи, а жената да биде дома и да се грижи за децата.

– Тоа секако треба да биде избор, а не обврска. Семејството се планира. Не случајно останав бремена по цела една деценија работен стаж во „Мајкрософт“. Бил и јас бевме подготвени да имаме деца. Не е случајност што Рори се роди три години после Џен, а нашата друга ќерка Фиби три години по Рори. Ние така сакавме. Имав и среќа што можев да забременам тогаш кога посакував, но и што не морав да раѓам кога не сакав – раскажа Мелинда во едно интервју.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Го користела инхалаторот на синчето да се дрогира, детето се задушило

Лаура Хит, зависничка од дрога од Велика Британија, е осудена на 20 години затвор за убиство на нејзиниот син астматичар. Пред пет години Хаким Хусеин (7) починал во семејниот двор „борејќи се за здив“, јавува „Скај њуз“. Оваа 40-годишна жена од Бирмингем е осудена за убиство од небрежност. Во пресудата […]