Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев, преку социјалните мрежи се пофали дека повторно станал татко.
Популарниот музичар објави и неколку фотографии со сопругата и бебето.
„Добредодје, моја мила ќерко Алина“, напиша тој на „Фејсбук“.
Трубачот, кој по потекло е од Струмица, речиси никогаш не се појавува во јавноста со сопругата со која повеќе од една деценија е во брак. Се вика Асена, Турчинка која живеела во Германија.
Се запознале на еден негов настап во Германија. Џамбо ја заблежал во публика, му се допаднала и ја поканил на состанок.
Двојката ги има и ќерката Севги и синот Мерт.
Фото: Фејсбук/Инстаграм
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.