fbpx

Предвиде четири страшни настани за 2022: Сè се оствари, само уште ова остана!

Францускиот пророк досега точно ги погоди најважните случувања во модерната историја

Еден од најпознатите јасновидци на сите времиња, Французинот Мишел де Нострадамус, во своите визии не ја заобиколил ниту 2022 година.

Славниот доктор кој подоцна станал астролог, со неверојатна прецизност во 16 век прогнозирал што ќе се случува по неговата смрт. Така ги „видел“ нападите во Њујорк на 11 септември, владеењето на Хитлер, големиот пожар во Лондон, нуклераните експлозии во Хирошима и Нагасаки..

Тоа што го предвидел за 2022 сериозно загрижува, пренесува „Експрес“.

Толкувачите на неговите визии и пророштва соопштија дека од четирите настани кои би можеле да ја одбележат оваа година, три веќе се остварија.

Првиот настан е новата војна која ја предвидел токму на европско тло. Неговото предвидување било дека западот ќе се соочи со неверојатна офанзива од истокот и може потенцијално да се однесува на напнатоста помеѓу Русија и САД која може во секој момент да ескалира.

Второто предвидување се однесува на инфлацијата. Во своите визии за 2022 нагласил дека луѓето ќе ја губат вредноста што ја поседуваат, бидејќи работите ќе излезат од контрола и тие никогаш нема да имаат доволно кај себе за да го платат тоа што мораат.

Третиот настан кој може да ја одбележи 2022 година е вештачката интелигенција. Нострадамус не знаејќи колку светот ќе напредува во 21 век, за наредната година рекол дека „машините ќе добијат човечки лик и дека постојано ќе ни зборуваат што треба да направиме“.

Последната визија се однесува на потенцијалниот удар од астероид. Нострадамус во своите предвидувања кажал дека земјиното тло ќе биде силно потресено на две места и дека ноќе ќе се создаде толку силна светлина што ќе изгледа како да е ден. Толкувачите се согласни дека недвосмислено станува збор за можниот удар од астероид, откако и НАСА неодамна предупреди на таа можност во 2022. Оваа визија воедно е и најдраматичната за годината што е пред нас.

Интересен е и фактот што епидемијата не се спомнува во неговите визии за 2022 година.

Фото: Битгреб/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ги чека тешко лето: Овие хороскопски знаци ќе бидат несреќни!

Припадниците на овие хороскопски знаци веќе се соочуваат со бројни предизвици. Им претстојат големи промени, но ќе се соочат и со проблеми ОВЕН Само неколку погрешни одлуки може многу лесно да ве однесат на сосема погрешен пат, па наместо да се движите кон успех, ќе се соочите со голем неуспех. […]