Семејството е скршено од болка, се огласи братот на несреќното момче
Маријан Андонов, 30-годишното момче од Пирот кое исчезна во четвртокот на 23 јуни, денеска околу 14 часот е пронајден мртов.
Андонов е пронајден во реката Нишава во атарот на селото Трњане, информираат српските медиуми.
Во моментот на исчезнувањето, несреќното момче на себе носело сива маица, светлокафеави бермуди и црни патики. Полицијата, како што изјави неговиот брат, веднаш по пријавувањето почнала да го пребарува теренот.
„Само се молевме да не се удавил. Скршени сме. Не знам како ќе продолжеме понатаму“, вели братот на Маријан.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО