Трагедија! Никој не веруваше дека ова може да се случи
Американската актерка Мери Мара, најпозната по сериите „Реј Донован“ и „Ургентен центар“, почина на 62-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер Крег Дорфман во изјава за „Си Ен Ен“.
„Мари беше една од најдобрите глумици кои ги познавав. Се сеќавам кога во 1992 година ја видов на сцената на Бродвеј. Беше исклучително духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостига“, изјави Дорфман.
Според соопштението на њујоршката државна полиција, во неделата во 8:10 часот по локално време добиле повик за „можно давење“. Службите пристигнале на местото на настанот и пронашле мртва жена во реката Сент Лоренс. На телото немало знаци на насилство, велат од полицијата.
„Ја пронајдоа во нејзината омилена река. Се удавила додека пливала“, соопшто портпаролот за „Фокс Њуз Дигитал“.
Се очекуваат резултатите од обдукцијата за да се утврди точната причина за смртта.
Фото: Твитер/Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО