fbpx

Хорор! Вака е убиен Иван кој сопругата Билјана го зацементира во буре

Не стивнуваат реакциите за злосторството кое го потресе регионот. Сега се појавија нови сознанија за мотивот на Билјана (38) која филмски му пресудила на сопругот Иван (40).

Откако го убила со нож, телото го ставила во буре кое подоцна го наполнила со цемент.

По самоубиството на Билјана, бурето го пронашол Ненад, братот на Иван, откако неговата внука во домот го нашла пасошот на татка си. Ова било и пресудно да се дознае страшната вистина, откако Билјана со години ги лажела најбиските роднини и пријатели дека нејзиниот „сакан“ е на привремена работа во Русија. 

Одговорот на прашањето зошто Билјана Стојановиќ по убиството го соѕидала телото на својот сопруг, најверојатно се крие во старата навика на членовите на ова семејство-тоа што сакаат да го сокријат, тие го соѕидуваат во темелите на куќата или во помошните простории, пишуваат српските медиуми.

Како што дознава „Блиц“ од роднини на настраданите, сега веќе покојната Билјана и претходно ја имала истата навика. Нејзината макеа раскажува дека во два наврата пронашла некое злато, па од страв да не ги ограбат го соѕидала во шталата. Затоа оваа бабичка не е изненадена од монструозниот чин. Таа тврди дека во една прилика дури ѝ подавала цигли воопшто не знаејќи што Билјана ѕида.

Билјана, наводно, на најбиските роднини и пријатели на Иван им зборувала дека тој е на привремена работа во Русија. Како успеала да ги лаже три години, колку што од Иван немало ниту тага ниту глас, не е познато.

Фото: Социјални мрежи

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ваков танц не сте виделе: Се омажи една од најследените Македонки (ВИДЕО/ФОТО)

Една од најследените и најкоментираните Македонки на „Инстаграм“, фитнес-инструкторката Ана Стојанова, се омажи за долгогодишниот партнер Кирил Јовчевски. Девојката со заводливи облини која домашните портали едно време ја нарекуваа македонската Ким Кардашијан, направи свадба која уште долго ќе се раскажува. Стојанова која во една прилика откри дека е зависна од […]