fbpx

Македонија тагува, си замина најдобриот: Почивај во мир!

На 78-годишна возраст почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите македонски фудбалери во историјата.

Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име кое во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори, пишува Фудбалската репрезентација на Македонија.

Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од Светските фудбалски првенства. Тој беше дел од Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, тогаш како фудбалер на белградска Црвена Звезда.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера.

Играше за Црвена Звезда и француските Троја и Париз. Како тренер работеше во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор.

Следни Објави

Важно! Ако скенирате сметки, ова мора да го направите

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека напредниот начин на скенирање од апликацијата МојДДВ е достапен и на Google playstore. Корисниците на апликацијата треба најпрвин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на Playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ […]