fbpx

Тажен ден во Македонија: Секогаш зборуваше полека и со смирен глас, слава му!

Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент кој беше еден од основачите на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976 година. Во 2010 година, Никодиновски беше прогласен за почесен претседател на МОТ.

Никодиновски беше и еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-УНЕСКО.

Автор е на бројни стручни студии од областа на театарот, се занимаваше со театарска критика и есеистика, а во 2009 година ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.

Негови колеги и пријатели денеска цел ден му одаваат почит на социјалните мрежи. Меѓу нив и Анета Пешева, основач на групацијата Ултра-Унет.

„Години бевме заедно со Биш кога играв во Театарската работилница при ФФ. Многу мирен и смирен, секогаш зборуваше полека и со смирен глас. Како сега да е, ми одзвонува во ушите неговата мирна интонација на говор. Во тоа време јас бев дете 18 год. Со Владе многу се надополнуваа за приказната на отпор спрема општеството, да ја слушне барем некој. Чудни времиња кои се случуваа во Југославија, социјализам, во која интелектуалците беа прогонети, но ни дозволуваа да го играме Орвел, Брехт.. иако цело време бевме под полициска закана и присмотра. Го преживеавме. Многу имам да раскажам за тоа време. Се надевам дека барем сите ние кои бевме членови на Театарската работилница при Филозофскиот факултет, а и членови на Зелена Гуска ќе се придружат на мојот позитивен коментар за Биш. Слава му, многу помогна за создавање и артикулирање на аматерскиот театар. А многу помогна и за нас младите во тоа време, да ја насочиме нашата бунтовна енергија во правилни води. Сочуство до Енка и до синот“, напиша таа на „Фејсбук“.

Следни Објави

Семејна трагедија на три дена пред свадба: Марија скршена од болка (ФОТО)

Младата македонска пејачка која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ сподели тажна вест На само три дена пред свадба, Марија Груевска доживеа семејна трагедија. Таа со потресни зборови на „Инстаграм“ се прости од својата баба со која очигледно била приврзана. „Ќе ми недостигаш премногу. Животот е некогаш премногу суров […]