fbpx

Нема повеќе да молчам: Оваа 50-годишна жена конечно ја кажа вистината

Една жена на својот јубилеен 50-ти роденден одлучи да расчисти со многу работи. Сега конечно ги разбрала вистинските вредности и се надева дека здравјето ќе ја служи што е можно подолго за да го живее животот кој отсекогаш го посакувала. Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост!

Нема повеќе да молчам кога некој ќе ми рече нешто што не ми одговара. Не сакам да се согласам со секој глупав и самобендисан човек. Нема да молчам на неправда.

Нема повеќе да се грижам како ме доживуваат другите луѓе, не ми е гајле како ним им изгледам. Зошто само жените да мораат на секои две недели да ги фарбаат обелените влакна. Мажите не мора наутро да ставаат килограм пудра, да се опседнуваат со брчките.

Доволно сум стара да знам дека сум најубава баш таква каква што ме создал Господ. Имам брчки, секое второ влакно ми е бело, но дури сега сум конечно задоволна од изгледот.

Нема повеќе да се опседнувам со чистење. Не сум неуредна, но куќата повеќе не ми е како за на изложба. Ситните работи кои со години ги преместував од фиока во фиока завршија во отпад. Не ми е јасно зошто ја чував искористената авионска карта стара четврт век.

Нема повеќе да се дружам со луѓе коишто ме прават нервозна. Доволно сум возрасна и зрела да проценам кој ми прилега. И нема повеќе да го барам доброто во секој човек.

Следни Објави

Луѓе, жално е: Михаела се прости од младиот Јован, една работа ги вознемири сите

За голготата и за наводните бесмислици Не стивнуваат реакциите по смртта на 25-годишниот Јован Димовски од Берово кој, како што тврди неговото семејство, починал од сепса откако му била направена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип. Неговата братучетка Слаџана Ризинска во потресно сведоштво за „ММС.мк“ претходно откри дека Јован […]