fbpx

Македонија тагува: Почивај во мир!

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, вечерва соопшти тажна вест на социјалните мрежи.

Почина Петре Латиновски, првиот градоначалник на општината кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните.

„За жал вечерва не’ напушти. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината. Или како што милуваше да рече „Јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација“. За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови, но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината. Почивај во мир!“, напиша Костовски.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Потресно! Починаа Наталија и нејзиниот син, причината е страшна

Трагичен настан што се случи пред неколку месеци, конечно доби свој епилог Полицијата ја соопшти причината за смртта на едногодишниот Хари кој падна во бессознание и никогаш не се разбуди откако претходно почина неговата мајка, 27-годишната Наталија Кејн. Британските служби ги пронајдоа двете тела во семејниот стан, кога роднини на […]