fbpx

До небото и назад: Скршена од болка, македонската пејачка се огласи по подолго време

Познатата македонска пејачка, авторка и диџејка по подолго време се огласи на својот инстаграм-профил.

Фани Христова која со години наназад работи и како јога-инструктор, се присети на нејзиниот починат татко и објави трогателна посвета.

-Еден умен човек што го сакам најмногу на светот е роден на денешен ден. Тој велеше: „Љубовта е вечна додека трае“. Не можам да го гушнам и да му кажам „Среќен роденден тато, те сакам до небото и назад, ама беше во право за љубовта .. Таа љубов не умира.. И трае, и трае, и ќе трае засекогаш. До небото и назад, тато-напиша Фани.

Христова пред неколку години престојуваше на Тајланд и ова патување комплетно ѝ го промени животот.

По враќањето од оваа егзотична дестинација раскажа дека во јогата го пронашла посакуваниот баланс на своето физичко, ментално и духовно здравје и дека оттогаш секој ден ѝ изгледа поинаку благодарение на редовните вежби.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беа полни со љубов кон децата: Детали за трагедијата, ова е загинатото семејство Крстиќ

Беа прекрасно младо семејство, омилено кај соседите. Секогаш беа подготвени да помогнат. Беа родители за пример, полни со љубов кон децата.. Вака оние што ги познаваа ги опишуваат сопружниците Крстиќ, 35-годишниот Борис и една година помладата Маријана кои со нивниот деветгодишен син Роберто ги загубија животите во сообраќајна несреќа која […]