fbpx

Големиот хит на Здравко Чолиќ крие трагична судбина на една девојка, приказната никого не остава рамнодушен

Вистинска и многу трагична животна приказна се крие позади големиот хит на Здравко Чолиќ од седумдесеттите, песната „Она спава“.

Легендарниот пејач овој рефрен го отпеа во спомен на младата Милица Костиќ од Крушевац која почина 1974 година, а чија смрт го потресе целиот регион и предизвика низа контроверзии. Ниту денеска нејзината потресна судбина никого не остава рамнодушен.

Според официјалниот полициски извештај, Милица почина по пад од 11-от кат од кулата во центарот на Крушевац, бегајќи да не биде силувана. Се’ уште млада и наивна, оваа тинејџерка од Медицинското училиште прифатила да се качи во станот на еден маж за да, наводно, ја повика неговата девојка. Но, таму ја дочекале повеќе мажи со намера да ја силуваат. Во солзи ги молела да ја пуштат и одбивала да се соблече, но откако сфатила дека злоставувачите се сериозни во намерата, одлучила да ризикува и да се обиде да побегне на единствениот начин кој ѝ бил достапен.

Кога останала сама во собата во која била заробена, решила да си ги скрати маките скокајќи од прозорецот, иако станот бил на 11-от кат. И покрај тешките повреди, Милица не починала веднаш, туку два дена подоцна во болница.

Непосредно пред нејзината смрт, инспекторот Стефановиќ успеал да добие изјава од Милица и да дознае што навистина се случило.

„Ми кажа дека неговата девојка има строги родители и дека треба само да ѝ се јавам. Бевме на 11-от кат. Не можев повеќе да издржам. Само на овој начин можев да си го сочувам достоинството“, одговорила на прашањето зошто скокнала од кулата.

По овие зборови, паднала во длабока кома од која повеќе не се разбудила.

Овој случај го шокираше целиот регион, а резултираше дури и со протести во Крушевац.

Текстот за песната „Она спава“ го напиша поетот Велизар Шофранац, а музиката е дело на Корнелије Ковач. Поврзаноста на овој хит со трагедијата никогаш не беше официјално потврдена, но факт е дека со оваа нумера Здравко Чолиќ победи на „Хит парада“ само два и пол месеци по смртта на Милица.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија! Естрадата во шок! Слаѓа Алегро скршена од болка

Естрадата е во шок по смртта на музичарот Миша Мијаиловиќ, фронтменот на некогашната група „Френки“, кој почина на 63-годишна возраст. Трагедијата длабоко ја погоди и познатата пејачка Слаѓа Алегро која кариерата ја започна токму во неговиот бенд. Таа се огласи на социјалните мрежи и порача дека, иако долго се немале […]