fbpx

Трагедија! Естрадата во шок! Слаѓа Алегро скршена од болка

Естрадата е во шок по смртта на музичарот Миша Мијаиловиќ, фронтменот на некогашната група „Френки“, кој почина на 63-годишна возраст.

Трагедијата длабоко ја погоди и познатата пејачка Слаѓа Алегро која кариерата ја започна токму во неговиот бенд.

Таа се огласи на социјалните мрежи и порача дека, иако долго се немале видено, за Миша ја врзува еден убав период од животот, едни посреќни денови исполнети со вистинско другарување и создавање на вистинска уметност.

„Искрено сочуство до семејството. Се немавме долго видено, иако живееме во ист град. Само слушнав дека е болен и верувам дека тоа е причината за неговото прерано заминување. За Миша ме врзуваат убави денови, дружења, патувања.. Работејќи со него и со легендарниот Раде Пајиќ многу научив за музиката, но и за животот и ќе им бидам вечно благодарна за сите совети кои несебично ми ги даваа. Миша беше голем човек, им помагаше на сите и како таков ќе го паметиме. Нека Бог му подари спокој и мир“, напиша Слаѓа Алегро.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Македонија тагува, направи многу за сите нас: Почивај во мир!

„Демир Капија ја сакаше како родно место! Повеќе и од некои родени демиркапијци. Направи многу за неа! Почивај во мир!“. Со оваа трогателна посвета на „Фесјбук“, граѓанската активистка, д-р Кристина Николовска, се прости од рускиот алпинист Александар Кленов кој почина. Тој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше […]