fbpx

Огромна тага! Почина легендарната Мара Попара

Тажна вест

Почина македонска театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева.

Најпозната како Мара Попара од легендарната радиоемисија „Хихирику“, Крстева имаше импресивна актерска кариера.

Публиката ја памети и од серијалите „Македонски народни приказни“, „Погрешно време“, „Волшебното самарче“..

-Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева, дамата на македонското актерство-популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене-се огласија и од Македонскиот народен театар.

Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ-екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.

Крстева имаше 85 години.

Вечна ѝ слава!

Следни Објави

Македонски скандал, се палат Библии: Прости им Господе, не знаат што прават!

О, СВЕТА ПРОСТОТИЈО! – извикал протестантскиот реформатор Јан Хус кога бивал спален на клада, зашто една жена „побожно“ пристапила, фрлила дрво во оганот во кој горел тој, се прекрстила и си заминала. Вчера такви „правоверни“ зилоти снимале видео како заедно со своите деца палат детски Библии затоа што биле протестантски, […]