fbpx

Македонската естрада тагува, колегите се простуваат: Почина познатиот македонски музичар

Тажна вест вечерва се споделува на социјалните мрежи.

На 61-годишна возраст почина Милан Завков, маестрото на хармониката, но и автор на повеќе од 150 новосоздадени народни песни.

„Збогум за уште една наша легенда! Ќе живееш вечно преку тоа што го остави на Македонија -твојата музика. Почивај во мир Маестро“, напиша на „Фејсбук“ фолк-пејачот Благојче Стојановски Туше.

Се огласи и познатиот кларинист на групата “Оскар”, Горан Проја Димовски.

„Вечерва е тажно на македонската музичка сцена-почина Маестро Милан Завков! Човек со голема инструментална вредност за македонската народна и фолк музика, учител на сите нас.. Првенец на Танец-великан кој е исто вреден како и многу херои кои гинеле за каузата на македонецот, бидејќи музиката е таа која не одржала од памтивека.. Голема загуба за македонската музичка естрада и македонскиот народ. Почивај во мир НАЈГОЛЕМ ИНСТРУМЕНТАЛЕН МАЕСТРО!“, напиша тој во посветата.

Следни Објави

Ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија: Потресни детали за смртта на маестро Завков

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на нашиот врвен инструменталист и композитор, маестро Милан Завков. Првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот имаше само 61 година. Негови блиски откриваат дека ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија. „Едноставно, срцето му откажало додека бил во своето студио“, […]