fbpx

СТРАШНИ ВЕСТИ! ЈАВНОСТА ВО ШОК! Во земјотресот загина и неговиот син

Пред шест месеци играше против Македонија во квалификциите за ЕП 2024, денеска е пронајден мртов под урнатините

Џемал Кутахја е пронајден мртов под урнатите по катастрофалниот земјотрес во Турција во кој загинаа 37.000 луѓе.

Ракометарот е пронајден заедно со неговиот син Чинар. Неговата бремена сопруга сѐ уште се води како исчезната, иако шансите да биде пронајдена жива веќе се исклучително мали.

Тажната вест ја потврдија и од Турската ракометна федерација.

„Со длабока тага дознавме за смртта на нашиот драг Џемал Кутахја, капитен на нашата машка ракометна репрезентација и неговиот син Чинар Кутахја кои беа затрупани под урнатините на куќата во која живееше во Антакија. Изразуваме сочувство до нивните роднини. Ќе направиме се’ што можеме, да го задржиме името на Џемал Кутахја кој со години успешно ја претставуваше нашата земја на највисоко ниво“, напишаа од Федерацијата.

Пред шест месеци, Кутахја играше против Македонија во квалификциите за ЕП 2024.

Следни Објави

Почивај во мир, Миле! Македонија тагува, сите се простуваат (ФОТО)

Огромна загуба Почина Миле Спасев-Мафија. Тажната вест ја споделија администраторите на фејсбук-страницата „Македонски лавови“. „Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник, Командир во една од четите на вториот батаљон. Погребот ќе биде утре во 12 часот на гробиштата во село Ерџелија, Свети Николе. Вечна […]