fbpx

Ѝ погледнале на смртта в очи: Јулија сведочи за хоророт во авионот (ВИДЕО)

Една патничка почнала да пишува проштално писмо

Патници во авион на руска авиокомпанија доживеале вистински хорор откако им откажале маските за кислород на висина од 11.000 метри. Авионот е во сопственост на Rossiya Airlines, а како причина за дефектот се наведуваат силните турбуленции. Хаосот настанал по наглото понирање кое предизвикало екстремен притисок врз кабините на авионот.

На тој лет имало 167 патници од кои 21 дете. На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како патниците, особено децата, врескаат и молат за помош околу користењето на маските за кислород.

Наводно, пет лица побарале итна медицинска помош поради нагло опаѓање на крвниот притисок.

Една патничка по име Јулија изјавила дека во авионот почнала да му пишува проштално писмо на сопругот. За среќа, авионот успеал принудно да слета во Краснојарск, Сибир.

„Во авионот наеднаш стана неподносливо ладно, маските паѓаа на десет минути, настана смртна тишина.. Беше невозможно да се дише без тие маски, чувството е неописливо“, изјави таа.

Следни Објави

Важно! Ако скенирате сметки, ОВА ќе мора да го знаете

Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, […]