fbpx

Момче фатено на аеродром со човечко месо: Властите во паника, една работа ги шокира сите

Во петокот на аеродромот во Лисабон бил пронајден ковчег со човечко месо по што полицијата го уапсила Беголе Мендес Фернандеш (26), осомничен дека во неделата во Амстердам го убил 21-годишниот Алан Лопез, пишува британски „Експрес“.

Станува збор за Холанѓанец кој бил пронајден мртов во куќата во која живеел со мајка си и со двете сестри. Португалскиот весник Jornal de Notisias објави дека е многу веројатно тој да е жртва на канибализам.

„Во понеделникот попладне на аеродромот во Лисабон во соработка со португалските власти е уапсен 25-годишен маж. Тој е осомничен дека е вмешан во смртта на 21-годишен маж кој е пронајден во куќа на Вегасстраат во северниот дел на Амстердам“, изјави портпаролот на холандската полиција.

Властите го запреле и го претресле Фернандеш откако се посомневале во легитимноста на италијанската лична карта што им ја покажал. Дополнителен сомнеж предизвикал затоа што на аеродромот пристигнал со облека обоена во крв и со „сомнително месо“ за кое подоцна во лабораторија било утврдено дека е човечкок. Сепак, ДНК-то не се поклопувало со она на Лопез и се работи за непозната жртва.

Фернандеш сега е во полициски притвор во болницата Санта Марија во португалската престолнина и се очекува да биде екстрадиран во Холандија.

Илустрација: Шатерсток

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Нови детали за исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

Полицијата и најблиските веќе четири дена го бараат Самоил Костадиновски, внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Последен пат бил виден пред чешката амбасада во Скопје, по што му се губи секоја трага. Сопругата на Бошскоски, Виолета ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од […]