fbpx

Неочекуван пресврт: Нови детали за исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

Полицијата и најблиските веќе четири дена го бараат Самоил Костадиновски, внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Последен пат бил виден пред чешката амбасада во Скопје, по што му се губи секоја трага. Сопругата на Бошскоски, Виолета ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат.

„Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале троица луѓе. Потоа кажале дека тоа се случоло кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, вели Бошкоска за ММС.

Извор близок до истрагата открива дека неговото исчезнување го пријавил брат му.

Официјално, никој од семејството во полиција не споделил информации дека се сомнева во киднапирање.

МКД.мк од сопствени извори дознава дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг.

Следни Објави

Нема веќе такви како тебе: Трогателни зборови по смртта на Борис

На денешен ден пред две години по тешко боледување почина актерот Борис Комнениќ (64). Беше првенец во Народниот театар во Белград, а публиката засекогаш ќе го памети како Саша Гуза Попадиќ од култната југословенска серија „Подобар живот“. Колегите со потресни зборови се сеќаваат на Комнениќ. Борис му беше близок пријател […]