Семејна трагедија
Тажна вест споделија македонските фудбалери Стефан и Милан Ристовски.
Познатите браќа ја информираа јавноста дека починала нивната мајка.
И двајцата споделија фотографии со трогателни посвети.
Поранешниот капитен на нашиот национален тим, Стефан Ристовски, сочувство за загубата доби и од ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, со кого играше во Спортинг Лисабон и кој е негов голем пријател.
„Твојата мајка е горда на тебе и сега те гледа“, му порача Фернандеш.