fbpx

Наеднаш ѝ се слоши, ѝ немаше спас: Колегите во шок по смртта на Александра

Александра Јовиќ, докторка вработена во ургентното одделение на Здравствениот дом во Лебане, ненадејно почина на 37-годишна возраст, јавија српските медиуми.

Неколку дена се жалела на здравствени проблеми, а пред три дена конечно нашла слободно време да направи тестови.. Во текот на ноќта ненадејно ѝ се слошило и била итно префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација во Ниш.

Нејзините колеги се во шок, збунети од целиот случај и чекаат обдукцијата да ја покаже причината за смртта. Велат дека Александра била многу посветена на својата работа и дека била добра колешка и искрена пријателка.

Младата докторка позади себе остави малолетна ќерка, родители и сестра.

Тие што ја познаваа со трогателни посвети се простуваат од неа на социјалните мрежи.

„Патувај со ангелите, ангелу наш. Беше пожртвувана мајка и голем хуманист“, напиша нејзина блиска пријателка.

Следни Објави

Естрадата завиена во црно! Трагично почина познатиот музичар, пријателите во шок

Во Белград синоќа на 65-годишна возраст почина музичарот Жељко Николиќ, фронтмен на групата „Розе Позе“. Николиќ, кој последните години беше неподвижен, загинал трагично како последица од пожар, открија пријатели на музичарот на социјалните мрежи. Николиќ е роден 1957 година, а првиот професионален ангажман го имаше во групата „Зебра“. Во средината […]