fbpx

Уште третиот ден знаел дека ќе се разделат: Нова исповед на Џамбазов

Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова пред два месеца дефинитивно ставија крај на нивната врска која постојано беше под будното око на јавноста.

Во своето најново интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Џамбазов открива дека разидувањето едноставно морало да се случи, а за тоа биле свесни и двајцата.

„На третиот ден од нашата врска таа ми кажа дека тоа ѝ е последната желба, да оди во Америка и таму да работи. И некако короната сето тоа го одложуваше, го забавуваше.. Кога короната заврши, ѝ го купив куферот и си замина“, раскажува тој во неговата нова исповед.

Признава дека не му е лесно, но и нагласува дека, сепак, како возрасен човек научил да се справува со болката.

„Човек се навикнува. Еве, сега после оваа свирка ќе си заминам дома, нејзината слика ми е на ѕидот во дневната, нејзините книги ми се во шкафчето, спијам на постелнина што ми ја купи.. За овие две и пол години со неа пишував поезија, имам десетина песни напишано и мислам дека заслужуваат да се објават во името на една голема љубов. Таква љубов ретко се случува, сериозно!“, вели Џамбазов.

И тој и Илина не бараат виновници и, како што вели, такви апсолутно нема.

„Виновник е времето. Таа е една неверојатно амбициозна жена. Тоа што кариерата ѝ е поважна од љубовта не ја прави лош човек, само ја прави необичен човек. Она е необична жена“, завршува тој.

Следни Објави

Сега нека лае мажот ти од затвор: Пејачки слават за казната на Марјан од „Доказ“

Казна од три години и еден месец за пет кривични дела денеска му беше изречена на Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ М“. За кривичното дело злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби казна од 5.000 евра, односно 250 дневни глоби. Доколку не ја плати, ќе добие затвор, но не подолг […]