fbpx

Сега нека лае мажот ти од затвор: Пејачки слават за казната на Марјан од „Доказ“

Казна од три години и еден месец за пет кривични дела денеска му беше изречена на Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ М“.

За кривичното дело злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби казна од 5.000 евра, односно 250 дневни глоби. Доколку не ја плати, ќе добие затвор, но не подолг од шест месеци.

Според судијката, тој како сопственик на порталот, со намера да стекне противимотна корист од вработен во Царинската управа, го присилувал да му исплати пари за да не објави текст. Таа објасни и како Стаменковски сторил дело пиратерија на аудиовизуелно дело.

По пресудата, осамнаа реакции на социјалните мрежи. Реагираа и познати пејачки кои не ретко беа на удар на порталот на Стаменковски.

„Нанај со отворени очички, Мацко.. Ќе те поздрават внатре“, напипша на својот ѕид некогашната ексклузивка на „М2“, Нина Јанева.

Не му остана должна ниту познатата фолкерка Ирена Спасовска.

„Конечно ве фати клетва од сите што тресевте глупости. Маја, сега нека лае мажот ти од затвор. Само не знам зошто и тебе не те затворија, а заслужуваш“, искоментира таа на „Фејсбук“.

Следни Објави

Момче силува девојче (13), нема да лежи затвор: Неверојатна одлука на судот, ова е причината

И тоа се случи! Силувач да добие ослободителна пресуда Судија во Велика Британија одлучи дека 21-годишниот Шон Хог, кој имал 17 години за време на силувањето, е премлад за во затвор. Меѓу март и јуни 2018-та година тој во неколку наврати нападнал девојче во паркот Далкит Кантри. Во судските документи […]