fbpx

Прва исповед за ракот: Тони Михајловски отворено за сопругата, еве како се излекувала

На Александра Јорева Михајловска, сопругата на познатиот актер Тони Михајловски, пред три години ѝ беше дијагностициран редок канцер на матка.

Таа во неколку наврати на социјалните мрежи отворено зборуваше за сериозната болест со која се соочила, а сега на оваа сензитивна тема конечно проговори и нејзиниот славен животен партнер.

„Тоа беше рушење на светот преку ноќ. За мене тоа беше многу емотивно, но мојата сопруга е страшен борец! Она е жената која ме извади од едно мучуриште во кое бев западнат и којзнае каде ќе завршев да не ја сретнав нејзе во животот“, ја почнува својата исповед Михајловски во подкастот на популарниот македонски јутјубер Стефан Лазаров.

Вели дека нема никогаш да го заборави моментот додека ѝ траела операцијата во една наша приватна болница.

„Седнав покрај Вардар доле и некои два-три саати плачев и се молев. И морам да им се заблагодарам на многу луѓе кои што помогнаа. После таа операција мораше да направи уште еден превентивен зафат за отстранување на некои делови и тие луѓе многу помогнаа околу тоа. За жал здравството ни е сведено на СМС, на донации, и така ни се лекуваат тешките случаи во државата, а за среќа, пак, се’ уште постојат многу добри луѓе. Кај нас таков беше случајот“, раскажува Тони.

Тој открива дека неговата сопруга имала тип на канцер што според некои нивни сознанија го имаат пет жени во светот, меѓу кои и холивудската актерка Анџелина Џоли.

„Сега е се’ во ред, фала му на Бога! Веќе трета година е чиста, редовно оди на контроли“, завршува Михајловски.

Следни Објави

Страшно! Последните моменти на Јулија пред да се самоубие (ВИДЕО)

Талентираната 18-годишна италијанска одбојкарка Јулија Итума почина во Истанбул каде нејзиниот тим Новара го играше реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Езачибаши. Младата одбојкара паднала од прозорецот на хотелска соба, а причините кои довеле до трагичниот настан се’ уште не се познати. Во меѓувреме се појави и снимка […]