fbpx

Страшно! Последните моменти на Јулија пред да се самоубие (ВИДЕО)

Талентираната 18-годишна италијанска одбојкарка Јулија Итума почина во Истанбул каде нејзиниот тим Новара го играше реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Езачибаши.

Младата одбојкара паднала од прозорецот на хотелска соба, а причините кои довеле до трагичниот настан се’ уште не се познати.

Во меѓувреме се појави и снимка од надзорните камери во хотелот кои сведочат за последните моменти на Јулија.

Како што може да се види на видеото, непосредно пред да се случи несреќата, девојката се движи низ ходникот пред хотелската соба, потоа седнува и изгледа како да плаче, а на крај влегува во собата која се наоѓа на шестиот кат.

Телото на несреќната Јулија било пронајдено утрото во 5 часот и 30 минути пред хотелот, а нејзината цимерка изјавила дека цело време спиела и ништо не слушнала и дека се разбудила дури кога дошла полицијата.

Турските медиуми пренесоа дека одбојкарката се самоубила.

Следни Објави

Ќе ве изгорам сите! Ветувам! Битолчанката Викторија откри нови детали за починатото чедо

Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. Мајка. Поради партиските „препуцавања“, ривалство, инает меѓу докторите и неспособноста јас изгубив најмногу. Го изгубивме највредното нешто во животот. Нашиот Јован. Нашето најмило. До кога поради вас партиски пиунчиња ќе страдаме???? Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте […]