fbpx

Селфи ги раздели засекогаш! Ова се Лазар и Стефан, нови сознанија за трагедијата

Наместо убав спомен на фотографија-смрт!

„Беа пријатели од рано детство, први соседи. Тоа што се случи е страшно“, вели братучед на Стефан Љ., момчето кое се повреди при пад од познатата Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Како што дознава „Блиц“, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Неговиот другар, Лазар Ѓ., за жал, го загуби животот.

Тешко повредениот Стефан е оженет и има мало дете.

„Стефан ми е роднина, но го познавам и Лазар. Тие се добри луѓе, никој нема лош збор за нив. Тоа што се случи е страшно. Се знаат од детство, пораснаа во исто маало во Плана кај Параќин. Заедно одеа и во основно училиште“, видно вознемирен сведочи братучедот на Стефан.

Според последните сознанија, Стефан и Лазар биле на организирана ергенска забава. Едниот од нив сакал да се фотографира на работ од тврдината, но изгубил рамнотежа, механички го повлекол и тој до него и заедно паднале во провалија.

Се’ уште се истражуваат сите околности за случајот со трагични последици.

Следни Објави

Нема повеќе зборови.. Струмица тагува, колегите се простуваат

Почина медицинската сестра Надежда Џидалова. Тажната вест ја потврдија од Национално Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки од каде со емотивна порака се простија од својата колешка. „Почитувани колешки и колеги! Со длабока болка и тага ве известуваме! Почина, сестра Надежда Џидалова, медицинска сестра од „Општа Болница Струмица“. Изгубивме […]