fbpx

Ќе има ли прстен? Ирена Спировска одговори на најочекуваното прашање

Ирена Спировска ретко зборува отворено за приватниот живот.

Заштитното лице на телевизија „Алфа“ долги години е во врска со Душко Исајловски со кого дели заедничка страст кон спортот и планинарењето. 

Во нејзиното последно интервју на прашањето за евентуален брак со човекот кој успеа да ѝ го украде срцето, таа внимателно одбира зборови.

„Како гледаш на таков следен чекор, официјализирање на врската, дали планирате такво нешто?“, ја прашува новинарката.

„Се надевам дека љубопитните нема да ми замерат, но за приватните планови не би сакала да зборувам. Иако работам јавна професија секогаш се трудам приватниот живот да го одделам од професионалниот“, одговара таа за „Слободен печат“.

Во истото интервју зборува и за ќерката Зорица.

„Таа е млада девојка која, како и сите други, има право на свој живот, амбиции и соништа, кои сметам дека е непотребно да ги експонирам во јавноста“, појаснува Спировска.

Следни Објави

Шокантни откритија за Чарлс: Тој е манипулатор, еве како ќе владее!

Велика Британија викендов слави историски настан, крунисувањето на кралот Чарлс Трети со верска церемонија стара 1.000 години и дводневна прослава со концерт во замокот Виндзор на кој ќе настапат планетарно популарни музички ѕвезди. На свои 73 години, принцот Чарлс конечно застана на чело на британската монархија. По смртта на Елизабета […]