fbpx

Конечно невеста: Први фотографии на Ирена Спировска во венчаница

Ирена Спировска сподели фотографии во венчаница.

Омилената ТВ-водителка под сликите кои ги објави на „Инстаграм“ не напиша ништо и само ја означи дизајнерката Елена Лука.

Нејзините фанови на почетокот се прашуваа дали таа конечно застана пред олтар, а подоцна сфатија дека Спировска позира за претстојниот Саем за венчавки кој ќе се одржи од 23 до 25 февруари во еден познат скопски хотел.

Ирена ретко зборува отворено за приватниот живот. Заштитното лице на телевизија „Алфа“ долги години е во врска со Душко Исајловски со кого дели заедничка страст кон спортот и планинарењето. 

Во едно нејзино интервју на прашањето за евентуален брак со човекот кој успеа да ѝ го украде срцето, таа внимателно одбира зборови.

„Како гледаш на таков следен чекор, официјализирање на врската, дали планирате такво нешто?“, ја прашува новинарката.

„Се надевам дека љубопитните нема да ми замерат, но за приватните планови не би сакала да зборувам. Иако работам јавна професија секогаш се трудам приватниот живот да го одделам од професионалниот“, одговара таа за „Слободен печат“.

Следни Објави

Четири часа дневно маж ѝ седел во веце: Кога дознала зошто, одма побарала развод

Една 38-годишна жена уште на почетокот од годината забележала дека нејзиниот сопруг се’ повеќе време поминува во тоалетот. Елиза Брејсон од Торонто раскажува дека Лени наутро, во текот на денот, но и доцна во ноќта седел по 45 минути на веце-шолјата, односно по дури четири часа дневно. Притоа, нивната комуникација […]