fbpx

Зошто вака, бате?! Пријателите во шок по смртта на младиот Дарко Димитровски

Уште еден живот прерано згасна, пријателите се простуваат со трогателни пораки на социјалните мрежи.

Денес не’ напушти братот Дарко Димитровски, човек кој имаше огромна љубов кон семејството, татковината и другарите, пишуваат неговите најблиски на „Фејсбук“.

„Секогаш беше подготвен секому да му излезе во пресрет, беше полн со љубов, а викаат дека кога човек го напушта овој свет неговата љубов останува тука да не’ сака и чува.. Што и да напишам е премалку за тебе, бато мој, а и немам сила да пишувам. Бог да ти ги отвори рајските порти и знај дека твоите другари ги остави во наследство на твоето семејство“, е една од трогателните посвети.

„Зошто вака бате, ти беше човек на кого татковината му беше на прво место, човек кој за пријател секогаш беше тука рака да подаде.. Не можам да поверувам дека прерано не’ напушти, сочувство до фамилијата“, пишува во друга објава.

Следни Објави

Патувавме без клима, сите имавме исти сандали: Вака се летуваше во Југославија!

Во овој период од годината природно ни доаѓа да евоцираме спомени од едни посреќни денови – летувањата од детството. Со нетрпение го очекувавме тргнувањето во раните утрински часови за да не ја фатиме гужвата и жештината. Освежувањето во возилата настапуваше евентуално кога ќе ги спуштевме прозорците, онака механички. Немаше клима […]