fbpx

Ана го изеде омилениот десерт и почина: Шокантни детали за трагедијата, еве што се случило

Смртта на Ана повторно ја разбранува јавноста

Дваесетгодишната Ана Белисарио лани во февруари почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Италија откако доживеа анафилактичен шок додека вечерала со своето момче во ресторан за брза храна во Милано на 26 јануари.

Дури сега, една година по трагедијата, покрената е истрага за нејзината смрт, откако се покажа дека Ана била алергична на млечни производи, а ѝ бил послужен десерт од тирамису кој бил направен со млеко, иако во менито било наведено дека е веганско.

Две жени кои во тој период биле одговорни за снабдување на ресторанот со десерти се под истрага за убиство од небрежност. Прелиминарната истрага сугерира дека осомничените ја измешале фактурата за вегански слатки со десерти што содржеле млеко, што резултирало со фатален исход за младата жена, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Во извештајот од истрагата се тврди дека компанијата не спречила мешање на две производни линии во лабораториската слаткарница, која во тоа време снабдувала 63 италијански ресторани со веганскиот производ Тирамису.

Во реконструкцијата, која била направена во понеделникот, речиси една година по смртта на Ана, обвинителите тврдат дека не се почитувало одвојувањето на состојките и дека персоналот не добил соодветна обука.

Следни Објави

Денот пред Водици е голем и тежок: Еве што да направите

Ден пред големиот христијански празник Богојавление-Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се […]