fbpx

Пејачката почина на 55 години: Болеста беше посилна, сопругот со потресна објава

Почина австралиската оперска и кабаре пејачка Жаклин Дарк. Наградуваната 55-годишна уметница која беше позната и по нејзината исклучителна хуманитарна работа се упокои во болница во Сиднеј во вторникот вечерта, објави „Еј Би Си“.

Ѝ беше дијагностицирана ретка форма на рак и храбро се бореше до последен здив, напиша нејзиниот сопруг Брин Канен на „Инстаграм“.

„Убавата мајка на Ксандер, мојата незаменлива, жестока, извонредна Баби, дамата на Тан, ќерката на Дот, сестрата на Ендрју, омилената колешка на сите-таа значеше толку многу работи за толку многу прекрасни луѓе и го зеде последниот херојски здив опкружена со длабока љубов“, е дел од потресната објава.

Жаклин се појави во ТВ-шоуто „So You Think You Can Dance“ и беше гостин-панелист во музичкиот квиз „Spicks and Specks“. Настапуваше ширум светот со многу водечки австралиски оркестри и хорови, вклучително и Opera Australia, Victorian Opera и Pinchgut Opera. За време на нејзината кариера, освои многу награди, вклучувајќи две Green Room статуетки и признанието Helpman.

„Секогаш кога доаѓаше на интервју во ABC Classic, ние секогаш се разделувавме смеејќи се до солзи“, напиша водителот на ABC Classic Drive, Расел Торенс.

„Нејзиниот незадржлив хумор, живот, енергија и музикалност ја направија една од најголемите мецосопрани во Австралија“, подвлече Ерин Хелиард, уметнички директор на операта Пинчгут.

Следни Објави

Загинатата Антонела била бремена, Марко се бори за живот: Ова е младата брачна двојка од автобусот на смртта (ФОТО)

Во страшна автобуска несреќа кај Венеција загина младата Антонела Перковиќ од Хрватска, додека нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден. Тамошното министерство за надворешни работи ја потврди оваа тажна вест, информирајќи ја јавноста за смртен случај на нивен државјанин и за тешки повреди кај едно лице, исто така со хрватски […]