fbpx

Мирна ќе заминам: Нада Обриќ плаче и зборува за болеста

Нада Обриќ си ја отвори душата и проговори за животните борби со дури три различни видови на рак.

Како што вели, најголемата поддршка за да издржи ѝ ја даваат најблиските, а деталите од нејзината лавовска битка расплакаа многумина.

„Прекрасно се чувствувам. Што ми фали? Работите што ми се случија додека преживував три канцера на три места, а едниот со другиот немаат врска. Моментот дали ќе заминеш или ќе останеш, борбата е страшна. Ноќите ги поминуваш зборувајќи со себе. На секој човек му препорачувам дека најстрашно е да падне. Напротив! За дијагнозата дознав во понеделникот, во четвртокот се оперирав. Кога ќе дојде ноќта и ќе си легнеш сам, во главата ти е хаос. Тука се и децата и кога ќе видиш колку тие се мачат да не го прифатат тој факт, тогаш во некои моменти не знаеш дали тие те тешат или ти нив. Не можам да ја опишам таа желба и решителност да ми помогнат по секоја цена во тие страшни ноќи кога мислиш дека повеќе не можеш.. Особено после хемотерапијата кога ослабев 45 килограми. Не можев да одам.. Отидов сама, за да не гледа ќерка ми. Истото неверување, истиот страв, истиот гнев. Истата молба до Бога, се’ е исто“, низ солзи раскажува познатата пејачка.

Вели дека во таква ситуација најважно е да си во сигурни раце, кај добар лекар.

„Децата толку ме разгалија, сфатив дека сум воспитала големи луѓе. Кога ќе дојде време, мирна ќе заминам. Уште не се откажувам.. Неверојатно е како човек сфаќа колку е убав животот. Најдете причина да станете. Ги замолувам сите да одат на лекар штом забележат дека не се чувствуваат добро. Прекрасно е да ти кажат дека си добро. Инаетот ме водеше во текот на мојот живот, но оној позитивниот. Животот не ме галеше, но секогаш имав некаков позитивен инает“, вели таа.

Следни Објави

Се огласи Каролина: Злоупотребен е мојот лик

Лажна реклама со која е злоупотребен ликот на македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева кружи на интернет. Пејачката повеќепати пријавила кај надлежните институции, но, како што вели, и понатаму се појавува од различни профили. Гочева е уште една од низата пејачки кои се жртва на интернет измама. Претходно и фотографија на Гоца […]