fbpx

Пред само два месеца доби дете: Во страшна сообраќајка загина ѕвездата од реалните шоуа

Ѕвездата од реалното шоу The Bachelorette, Чарли Њулинг, почина на 36-годишна возраст, пренесува „Мирор“.

Со неговиот автомобил излетал во провалија. Пред само два месеца тој стана татко по вторпат.

Возилото на Њулинг паднало од карпа во Довер Хајтс во Сиднеј, во саботата вечерта, потврдија локалните медиуми.

Њулинг се прослави во австралиската верзија на The Bachelorette во 2018 година, шоу во кое една дама се обидува да го најде својот „Господин Совршен“. Чарли беше еден од натпреварувачите кој се бореше за нејзиното срце, но тој не победи.

Откако го напушти проектот, тој доби ќерка со партнерката Кристал Тејлор во јули годинава.

Њулинг има и 13-годишен син од претходна врска.

Следни Објави

Бог има совршен план: Кога ништо не ти оди, добро прочитај ги овие зборови!

Сѐ во животот се случува во вистинското време и со вистинска причина. Кога мислите дека судбината заборавила на вас, сетете се на оваа приказна На времето имало три стебла на брдо во една шума. Еднаш си разговарале за своите соништа и планови кога првото стебло рекло: „Еден ден, се надевам, […]